Линкови за пристапност

Амбасадорите со порака до судиите – работете ја својата работа


Агелер: „Пораката е јасна и не се менува – работете ја работата која треба да ја работите, следете го законот, работете `за` луѓето, дајте отпор на политички притисоцви, заштитете го својот интегритет и прифатете ја транспарентноста“.
Агелер: „Пораката е јасна и не се менува – работете ја работата која треба да ја работите, следете го законот, работете `за` луѓето, дајте отпор на политички притисоцви, заштитете го својот интегритет и прифатете ја транспарентноста“.

Плакети за амбасадорите како признание за поддршката на Судскиот совет, a за возврат порака од највлијателните дипломати во Скопје за потребата од продолжување на реформите и враќање на довербата во правосудството.

Порака од дипломатите до судиите во Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:59 0:00

Денеска на исто место се собра врвот на домашното судство и на меѓународната заедница за да дебатира за тоа до каде е имплемнтацијата на препораките на Оценската мисија на ЕУ која направи скрининг на ситуацијата во Судскиот совет по низата проблематични одлуки и смени во ова тело.

„Неопходна е целосна имплементација на сите предлози од извештајот на Оценската мисија и ќе биде решавачко за создавање независен и непристрасен правосуден систем во кој граѓаните ќе имаат доверба. Ја поздравуваме јавната заложба на новата влада за справување со корупцијата и промовирање на владеење на правото како што е наведено во нејзината програма. Ја поздравуваме јавната политичка амбиција, но како и секогаш, ќе судиме за успехот врз основа на практичните чекори кои ќе се преземат.“, изјави Дејвид Гир, Амбасадор на ЕУ во Скопје.

Дел од амбасадорите проблемот го гледаат во човечкиот потенцијал и отпорноста на притисоци, а не на слаби законски решенија.

Северна Македонија има добро изработени закони, добро опремени институции и искусни обвинители и судии, а повеќето од нив и патувале и имале размени со САД.
Агелер, амбасадорка на САД во Северна Македонија

„Северна Македонија има добро изработени закони, добро опремени институции и искусни обвинители и судии, а повеќето од нив и патувале и имале размени со САД. Па се поставува прашањето како да почнеме да го надополнуваме оној јаз или недостиг на доверба на оние на кои треба да им служиме. Пораката е јасна и не се менува – работете ја работата која треба да ја работите, следете го законот, работете `за` луѓето, дајте отпор на политички притисоцви, заштитете го својот интегритет и прифатете ја транспарентноста. Напорната работа започна, веќе гледаме напредок. Сега дозволете ни да ви помогнеме.“, истакна Анџела Агелер, амбасадорка на САД во Северна Македонија.

Очекувањата од новата владејачка постава се големи – да се испорачаат промени, и во правосудната сфера, кои граѓаните ги очекуваат.

„Реформите треба да бидат системски, сеопфатни и инклузивни и треба да имаат за цел исполнување на стандардите на ЕУ, а и да овозможат функционално, транспарентно и праведно судство. Ова е она што граѓаните на Северна Македонија го очекуваат и заслужуваат и тоа ќе ја доведе земјата во ЕУ. Затоа, новата влада и Собранието имаат задача, со добра волја и добри намери, да се фокусираат на приоритетите во правосудниот сектор и тоа совесно да го работат.“, изјави Дирк Јан Коп, амбасадор на Холандија во Северна Македонија.

Токму, Холандија ја прекина поддршката на Судскиот совет по незаконската смена на претседателката на ова тело – помошта продолжи по враќањето на Весна Дамева на функцијата. Сега, актуелниот состав на Судскиот совет се соочува со можноста за негово распуштање, нешто што владејачката ВМРО-ДПМНЕ го најавуваше во кампањата.

Како правник не ја поддржувам тезата за колективна одговорност.
Дамева, претседателка на Судскиот совет

„Како правник не ја поддржувам тезата за колективна одговорност. Мој личен став е дека треба да има индивидуална одговорност и таа да биде точно утврдена и санкционирана. Секоја одговорност има име и презиме и точно да се утврди кој тоа работел незаконски.“, истакна Весна Дамева, претседателска на Судскиот совет.

Пред неколку месеци Оценската мисија на Унијата за состојбите во Судскиот совет изготви извештај со 40 препораки – 17 на краток, 17 на среден и 6 на долг рок. Меѓу краткорочните препораки се исплаќање на буџет од 0,8% од БДП за судската власта, законски измени со кои членовите на Судскиот совет кои ги избира Собранието, би се бирале како членовите на Антикорупциска – со јавно сослушување, како и при изборот на членови од редовите на судиите да има цензус при гласањето...

XS
SM
MD
LG