Се чини дека Врховниот суд на САД е подготвен да дозволи итни абортуси во Ајдахо кога има бремена пациентка под сериозен здравствен ризик, според извештајот на Блумберг Њуз.
Истиот извор наведува дека копија од мислењето се нашла на кратко време во средата на веб-страницата на Судот.
Блумберг Њуз вели дека документот сугерирал дека Судот ќе заклучи дека не требало толку брзо да произнесе за случајот и дека ќе го врати судскиот налог со кој им дозволувал на болниците во оваа сојузна држава да вршат итни абортуси за да го заштитат здравјето на бремената пациентка.
Документот беше набрзо симнат од страницата.
Врховниот суд на САД призна дека документот бил ненамерно објавен во средата.