Линкови за пристапност

Американците се фаворити да бидат на врвот со освоени медали на Олимписките игри во Париз


Меѓународниот олимписки комитет не составува рангирање, оставајќи им го тоа на посебно на самите земји и локалните медиуми.
Меѓународниот олимписки комитет не составува рангирање, оставајќи им го тоа на посебно на самите земји и локалните медиуми.

Соединетите Американски Држави се силни фаворити да освојат најмногу медали на Олимписките игри во Париз за еден месец.

Главниот предизвик е: дали Американците ќе ја надминат Кина со освоени златни медали?

Се предвидува дека САД ќе освојат вкупно 123 медали - 37 златни, 34 сребрени и 52 бронзени.

Се прогнозира дека Кина ќе освои 87 вкупно - 36 златни, 29 сребрени и 22 бронзени.

Оваа прогноза е направена од Nielsen’s Gracenote Sports, која обезбедува статистичка анализа за спортските лиги ширум светот.

Исто така, оваа фирма ги следи големите натпревари во кои се вклучени олимписки спортови кои водат до Игрите.

Рангирањето на Gracenote се заснова на севкупните освоени медали, иако други се фокусираат на рангирањето на златните медали.

Меѓународниот олимписки комитет не составува рангирање, оставајќи им го тоа на посебно на самите земји и локалните медиуми.

Ова би било осми по ред пат САД да освојaт најмногу медали на Летните игри.

Во 1992 година во Барселона, таканаречениот Унификуван тим беше на врвот на вкупниот број. Тие спортисти беа од поранешниот Советски Сојуз, кој штотуку се распадна како суверена држава.

Земјите домаќини секогаш добиваат големи медали, а Франција се очекува да освои голем број и да го зголеми вкупниот број од 33 во Токио.

Се предвидува дека Франција ќе го зголеми скоро тројно освојувањето на златни медали од Токио, каде Јапонија забележа рекорд.

Настапот на домашен терен е предност, делумно затоа што земјите-домаќини инвестираат повеќе во обука и тренинг на спортистите.

XS
SM
MD
LG