Линкови за пристапност

Холанѓанецот Марк Руте ќе биде иден прв човек на НАТО

Назначувањето на Руте стана формалност откако неговиот единствен ривал за оваа функција, романскиот претседател Клаус Јоханис, минатата недела објави дека се откажал од трката, бидејќи не успеал да добие поддршка.

Сојузниците на НАТО во средата го избраа холандскиот премиер Марк Руте за следен шеф на НАТО, додека војната во Украина беснее на нејзиниот праг и неизвесноста виси околу идниот однос на САД кон Алијанса.

Назначувањето на Руте стана формалност откако неговиот единствен ривал за оваа функција, романскиот претседател Клаус Јоханис, минатата недела објави дека се откажал од трката, бидејќи не успеал да добие поддршка.

„Северноатлантскиот совет одлучи да го назначи холандскиот премиер Марк Руте за следен генерален секретар на НАТО, наследувајќи го Јенс Столтенберг“, се вели во соопштението на НАТО.

„Г-дин Руте ќе ги преземе функциите како генерален секретар од 1 октомври 2024 година, кога мандатот на Столтенберг истекува по десет години на чело на Алијансата“, се додава.

Откако минатата година го објави својот интерес за функцијата, Руте доби првична поддршка од клучните членки на Алијансата, вклучувајќи ги САД, Велика Британија, Франција и Германија.

Други беа повоздржани, особено источноевропските земји кои тврдеа дека постот за првпат треба да оди кај некој од нивниот регион. Но, тие на крајот застанаа зад Руте, жесток критичар на рускиот претседател Владимир Путин и верен сојузник на Украина.

Столтенберг рече дека топло го поздравил изборот на Руте за негов наследник. „Марк е вистински трансатлантичар, силен лидер и создавач на консензус“, рече тој.

„Знам дека го оставам НАТО во добри раце“, оцени тој.

НАТО ги носи одлуките со консензус, така што Руте, кој во холандската политика по речиси 14 години како премиер, може да биде потврден само откако сите 32 членки на Алијансата ќе му дадат поддршка.

XS
SM
MD
LG