Линкови за пристапност

Израелскиот суд ја продолжи забраната за Ал Џезира


Ал Џезира, која се емитува на арапски и англиски, згасна од етерот во Израел по првична наредба од прекин на сигналот за 45 дена на почетокот на минатиот месец.
Ал Џезира, која се емитува на арапски и англиски, згасна од етерот во Израел по првична наредба од прекин на сигналот за 45 дена на почетокот на минатиот месец.

Израелскиот суд го потврди и го продолжи за 35 дена блокирањето на телевизискиот канал Ал Џезира со седиште во Катар, соопшти во петокот Министерството за правда.

Ал Џезира, која се емитува на арапски и англиски, згасна од етерот за емитувањето во Израел по првична наредба од 45 дена на почетокот на минатиот месец.

Владата на премиерот Бенјамин Нетанјаху имаше долготрајна расправија со Ал Џезира, чии односи се влошија од почетокот на војната во Газа во октомври.

„Окружниот суд во Тел Авив ги потврди упатствата на министерот за комуникации да ги запре емитувањата на каналот Ал Џезира, да ги затвори канцелариите во Израел, да го блокира пристапот до неговите веб-страници и да ја заплени опремата“, соопшти Министерството за правда.

Наредбата, издадена во четвртокот по барање на обвинителството за нејзино потврдување и продолжување, беше за дополнителни 35 дена, објави Министерството на својата веб-страница.

Прекинувањето на сигналот не влијае на програмата од окупираниот Западен Брег или од Појасот Газа, од кои Ал Џезира сè уште ја покрива израелската војна со палестинските милитанти на Хамас.

XS
SM
MD
LG