Линкови за пристапност

Жестоки руски напади во североисточниот украински град Харков


Олех Синиехубов, регионалниот гувернер, на Телеграм рече дека Русија ја погодила областа најмалку 15 пати.
Олех Синиехубов, регионалниот гувернер, на Телеграм рече дека Русија ја погодила областа најмалку 15 пати.

Украинските власти соопштија дека во руските напади загинале најмалку четири лица во четвртокот во североисточниот град Харков.

Олех Синиехубов, регионалниот гувернер, на Телеграм рече дека Русија ја погодила областа најмалку 15 пати.

Во западниот руски регион Белгород, официјални лица во четвртокот пријавија штета од украинските воздушни напади.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека уништило 35 украински ракети и три воздушни беспилотни летала над Белгород. Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков на Телеграм изјави дека украинските напади оштетиле зграда и предизвикале пожар во градот Белгород.

Гладков пријавил и штета на повеќе куќи во две села во регионот. Белгород се наоѓа долж руско-украинската граница и е честа мета на украински напади.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја пофали Шведска за тригодишниот пакет за поддршка во вкупна вредност од над 7 милијарди долари помош.

„Тоа ќе ги зајакне не само нас, не само Украина, туку и целиот европски периметар од Балтикот до Црното Море“, рече Зеленски во своето ноќно обраќање во средата.

Украинскиот лидер, исто така, упати нова молба за поголема воздушна одбрана.

XS
SM
MD
LG