Линкови за пристапност

Во Ајова потврдени повеќекратни жртви од торнадо


Полицијата во американската сојузна држава Ајова очекува да објави повеќе информации, откако потврди повеќекратни жртви од торнадо и најмалку десетина повредени од невремето во вторник.

Моќните бури што го погодија американскиот среден запад предизвикаа повеќе торнада, најмногу околу малиот град Гринфилд во Ајова, околу 88 километри југозападно од главниот град Де Мојн.

Портпаролот на полицијата ги брифираше новинарите во вторникот вечерта.

„За жал, можеме да потврдиме дека има жртви од ова торнадо. Исто така, повреди се здобија и жители овде во областа Гринфилд. Сè уште работиме на проценка и ажурирање на информациите кога ќе станат достапни, изјави Алекс Динкла, од државната патрола на Ајова.

Граѓаните во областа Гринфилд се повикани да ги пријават жителите кои се исчезнати, повредени или имаат потреба од засолниште, повикувајќи се на државната патрола на Ајова, според Агенцијата за управување со вонредни состојби во округот Адаир.

XS
SM
MD
LG