Линкови за пристапност

Русија лансираше вселенско оружје и го распореди во истата орбита како сателит на американската влада, објави Пентагон


„Ние имаме одговорност да бидеме подготвени да го заштитиме и браниме доменот, вселенскиот домен и да обезбедиме континуирана и непрекината поддршка на Здружените и комбинираните сили“, објави Пентагон.
„Ние имаме одговорност да бидеме подготвени да го заштитиме и браниме доменот, вселенскиот домен и да обезбедиме континуирана и непрекината поддршка на Здружените и комбинираните сили“, објави Пентагон.

Русија лансираше веројатно вселенско оружје и го распореди во истата орбита како сателит на американската влада, соопшти Пентагон.

„Русија лансираше сателит во ниската орбита на Земјата, за кој проценуваме дека веројатно е контра-вселенско оружје, веројатно способно да нападне други сателити во ниската орбита на Земјата“, рече портпаролот на Пентагон, генерал-мајор Пат Рајдер на брифинг со новинарите доцна во вторникот.

Руското „контравселенско оружје“ лансирано на 16 мај беше распоредено „во истата орбита како сателит на американската влада“, рече тој.

Рајдер додаде дека Вашингтон ќе продолжи да ја следи ситуацијата ѝ е подготвен да ги заштити своите интереси.

„Ние имаме одговорност да бидеме подготвени да го заштитиме и браниме доменот, вселенскиот домен и да обезбедиме континуирана и непрекината поддршка на Здружените и комбинираните сили“, рече тој.

Претходно, Москва ги обвини САД дека сакаат да постават оружје во вселената, откако Вашингтон стави вето на руската иницијатива за неширење на оружјето во Обединетите нации.

XS
SM
MD
LG