Линкови за пристапност

Француската полиција застрела вооружен маж кој се обидел да запали Синагога


Полицијата одговорила на извештаите за „пожар во близина на синагогата“, изјави полициски извор.
Полицијата одговорила на извештаите за „пожар во близина на синагогата“, изјави полициски извор.

Француската полиција во петокот застрела вооружен маж кој се обидувал да запали синагога во северниот град Руан.

„Националната полиција во Руан рано утринава неутрализираше вооружено лице кое очигледно сакаше да ја запали синагогата во градот“, напиша министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин на X, поранешен Твитер.

Полицијата одговорила на извештаите за „пожар во близина на синагогата“, изјави полициски извор.

Извор близок до случајот изјави за АФП дека мажот „бил вооружен со нож и железна шипка, и пришол на полицијата, која пукала. Поединецот починал“.

„Не е погодена само еврејската заедница. Целиот град Руан е шокиран“, напиша градоначалникот на Руан, Николас Мајер-Росињол на X.

Тој кажа дека нема други жртви освен напаѓачот.

XS
SM
MD
LG