Линкови за пристапност

Зеленски го посети Харков среде руската офанзива


Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во четвртокот бил во североисточниот град Харков за да се сретне со воени претставници во услови на руска офанзива во регионот.

Зеленски на Телеграм рече дека ситуацијата во Харков е исклучително тешка, но генерално под контрола.

Русија зазеде неколку села околу Харков во последните денови, а рускиот напредок го натера Зеленски да откаже неколку планирани странски посети.

Украинската војска во четвртокот соопшти дека иако ситуацијата во Харков и понатаму е комплицирана, украинските сили ја стабилизирале ситуацијата и го запреле рускиот напредок во одредени области.

Случувањата следат по дводневната посета на Украина на американскиот државен секретар Антони Блинкен, за време на која Зеленски побара системи за противвоздушна одбрана да помогнат во заштитата на Харков.

Блинкен најави воена помош од 2 милијарди долари за Украина како дел од пакетот од 61 милијарда долари што беше одобрен минатиот месец.

Руското Министерство за одбрана во четвртокот соопшти дека нејзината противвоздушна одбрана уништила пет тактички проектили и повеќе беспилотни летала над Крим окупиран од Русија, како и беспилотни летала над регионите Белгород, Брјанск, Калуга и Тула.

Некои информации се од Асошиетед прес, Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG