Линкови за пристапност

Ширум Азија и Европа се одржуваат првомајски собири со повик за поголеми работнички права


Првомајските настани, исто така, на многумина им дадоа можност да го кренат гласаот за многу економски поплаки или политички барања.
Првомајските настани, исто така, на многумина им дадоа можност да го кренат гласаот за многу економски поплаки или политички барања.

СЕУЛ, Јужна Кореја (АП) - Работници, активисти и други во азиските престолнини и европските градови излегоа на улиците во средата за да го одбележат Први мај со протести поради зголемувањето на цените и владините политики на трудот и повици за поголеми работнички права.

Први мај, кој се паѓа на 1 мај, се одбележува во многу земји за да се слават правата на работниците. Првомајските настани, исто така, на многумина им дадоа можност да се изнесат општи економски поплаки или политички барања.

Полицијата во Истанбул приведе десетици луѓе кои се обидоа да стигнат до централниот плоштад Таксим, пркосејќи на владината забрана за одбележување на Денот на трудот на значајната локација.

Владата на претседателот Реџеп Тајип Ердоган одамна прогласи забрана на Таксим за митинзи и демонстрации од безбедносни причини, но некои политички партии и синдикати ветија дека ќе маршираат на плоштадот, кој има симболична вредност за работничките синдикати.

Во 1977 година, неидентификувани вооружени лица отворија оган врз прославата на Први мај на Таксим, предизвикувајќи стампедо и убивајќи 34 луѓе.

Во средата, полицијата подигна барикади и ги затвори сите правци што водат до централниот плоштад во Истанбул.

Јавниот превоз во областа исто така беше ограничен. Само мала група претставници на Синдикатот добија дозвола да влезат на плоштадот за да положат венец на споменикот во спомен на жртвите од инцидентот во 1977 година.

Во Индонезија, работниците изразија гнев поради новиот закон за кој рекоа дека ги крши нивните права и ја повредува нивната благосостојба, и побараа заштита за работниците мигранти во странство и зголемување на минималната плата.

Се очекуваше околу 50.000 работници од сателитите на Џакарта, Богор, Депок, Тангеранг и Бекаси да се приклучат на првомајските маршеви во главниот град, рече Саид Икбал, претседател на Конфедерацијата на индонезиските синдикати.

XS
SM
MD
LG