Линкови за пристапност

Египет испрати делегација во Израел за посредување за прекин на огнот во Газа


Како што војната се одолговлекува и се зголемуваат жртвите, се зголемува меѓународен притисок Хамас и Израел да постигнат договор за прекин на огнот.
Како што војната се одолговлекува и се зголемуваат жртвите, се зголемува меѓународен притисок Хамас и Израел да постигнат договор за прекин на огнот.

Египет испрати делегација на високо ниво во Израел во петокот со надеж дека ќе посредува за договор за прекин на огнот со Хамас во Газа, изјавија двајца официјални лица.

Во исто време, тој предупреди дека евентуалната израелска офанзива фокусирана на градот Рафа во Газа - на границата со Египет - може да има катастрофални последици за регионалната стабилност. Највисокиот египетски разузнавач, Абас Камел, ја предводи делегацијата и планира да разговара со Израел за „нова визија“ за продолжен прекин на огнот во Газа, рече египетски функционер, кој сакаше да остане анонимен.

Како што војната се одолговлекува и се зголемуваат жртвите, се зголемува меѓународен притисок Хамас и Израел да постигнат договор за прекин на огнот. Разговорите во петок ќе се фокусираат најпрво на ограничената размена на заложници држени од Хамас за палестинските затвореници и враќањето на значителен број раселени Палестинци во нивните домови во северниот дел на Газа „со минимални ограничувања“, рече египетскиот претставник.

Се надеваме дека преговорите потоа ќе продолжат, со цел поголем договор за ставање крај на војната, рече тој.

Официјалниот претставник рече дека посредниците работат на компромис што ќе одговори на повеќето од главните барања на двете страни.

Хамас соопшти дека нема да отстапи од своите барања за траен прекин на огнот и целосно повлекување на израелските трупи, коишто Израел ги отфрли.

Израел вели дека ќе продолжи со воените операции додека Хамас не биде поразен и дека потоа ќе го задржи безбедносното присуство во Газа. Пред разговорите, високиот функционер на Хамас, Басем Наим, за Асошиетед прес изјави дека „нема ништо ново од наша страна“, на прашањето за преговорите.

XS
SM
MD
LG