Линкови за пристапност

Билјана Ванковска: Авангардата гласаше за нас


Biljana Ванковска истакна дека останува нејзината соработка со Левица
Biljana Ванковска истакна дека останува нејзината соработка со Левица

Апсолутно сум горда на гласовите што ги освоив, точно е дека авангардата гласаше за нас, истакна вечерва Билјана Ванковска, кандидатката за претседател, која беше предлог на партијата Левица.

„Очигледно народот се уште не во таа фаза да гледа визија зад две брда. Отидов предалеку во тоа што го прогнозирав. Длабоко се надевам дека грешам во прогнозата и дека народот нема да се разочара после година или две од владеењето на новата претседателка. Можам да кажам дека најверојатно таа е идната претседателка. Тоа што беше наша задача го остваривме. Изодевме коректно, чисто, со насмевка, со ведрина“, рече Ванковска.

Воедно, Ванковска истакна дека останува нејзината соработка со Левица.

Според податоците од Државната изборна комисија, при обработени 90 проценти од гласовите, Ванковска освоила 36.193 гласови. На прво место, според истиот процент на обработени гласови, е Гордана Силјановска Давкова со освоени 326.310 гласови, а на второ место е Стево Пендаровски со освоени 162.678 гласови.

XS
SM
MD
LG