Линкови за пристапност

Самитот на ЕУ засенет од актуелната криза на Блискиот Исток


Загриженоста расте од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас и драматично ескалира.
Загриженоста расте од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас и драматично ескалира.

Лидерите на Европската унија се во Брисел на специјален дводневен самит фокусиран на економската конкурентност на блокот.

Но, агендата треба да биде засенета од тековната криза на Блискиот Исток, за која Западот стравува дека наскоро може да излезе од контрола и да се претвори во поширок регионален конфликт.

Загриженоста расте од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас и драматично ескалира откако израелски воздушен напад го погоди иранскиот конзулат во Дамаск, при што загинаа седум членови на Исламската револуционерна гарда.

Како одмазда, Техеран го започна својот прв напад на израелска територија со 300 беспилотни летала, балистички и крстаречки ракети, од кои огромното мнозинство беа пресретнати од Израел.

Тоа отвори ново поглавје во долготрајната војна во сенка меѓу двете нации, при што ЕУ и САД ветија дека ќе ги заострат санкциите кон Иран, но го повикаа Израел да избегне нов напад што дополнително ќе го разгори пламенот.

Оваа атмосфера на несигурност и напнатост ќе ја засени средбата во Брисел, која првично беше замислена како анализирање на економијата на ЕУ.

Првиот ден од состанокот, кој треба да започне во среда навечер по приемот кај кралот на Белгија, ќе се фокусира на тековната ситуација во Израел, Иран, Појасот Газа и Либан, како и војната во Украина и односите со Турција.

XS
SM
MD
LG