Линкови за пристапност

Почна изборот на поротата во кривичниот случај против Трамп во Њујорк


Поранешниот претседател Доналд Трамп се појави во Врховен суд на Њујорк, 15 април 2024 година, на првиот ден од неговото судење под обвинение за фалсификување деловни записи
Поранешниот претседател Доналд Трамп се појави во Врховен суд на Њујорк, 15 април 2024 година, на првиот ден од неговото судење под обвинение за фалсификување деловни записи

Денес почна изборот на поротата во њујоршкото судење на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој е обвинет дека планирал да сокрие уплата за прикривање на наводни вонбрачни афери непосредно пред неговата кампања за Белата куќа во 2016 година.

Трамп е првиот поранешен претседател на САД кој некогаш се соочил со кривични пријави и закана со затвор доколку биде осуден.

Судијата на Врховниот суд на Њујорк Хуан Мерчан, повика 96 потенцијални поротници во својата судница за да почнат да ги испрашуваат дали имаат некакви пристрасност за или против Трамп и дали би можеле да донесат правична пресуда во случајот на Трамп, без разлика на нивните ставови.

Повеќе од 50, невообичаено голем број, кренаа раце дека не можат да бидат фер и веднаш беа отпуштени.

Од Мерчан не се очекуваше да ги праша поротниците конкретно како гласаа во претседателските кампањи на Трамп во 2016 и 2020 година.

Наместо тоа, меѓу 42 прашања, тој планира да ги праша можните поротници на кои извори се потпираат за да ги видат и слушнат вестите на денот, дали присуствувале на политичките собири на Трамп или на оние што му се спротивставуваат, и дали припаѓаат на контроверзни групи кои се спротивставуваат на активностите на федералната влада.

Изборот на 12 поротници и шест заменици може да потрае неколку дена.

Мерчан го одложи случајот за еден ден по испрашувањето на 10 можни поротници.

Околу 500 њујорчани беа повикани како можни поротници и подоцна ќе бидат сослушани доколку се потребни за пополнување на поротата.

Мерчан ги претстави Трамп и адвокатите во случајот и рече дека судењето може да трае шест недели.

Кога пристигна во судницата, Трамп им рече на новинарите: „Ова е прогон како никогаш досега. Тоа е напад врз Америка и затоа сум многу горд што сум овде“.

Кратко време подоцна, неговата претседателска кампања во 2024 година испрати апел за прибирање финансиски средства во врска со случајот.

XS
SM
MD
LG