Линкови за пристапност

Претседателот Бајден во Балтимор вети целосна поддршка од федералната влада за заживување на пристаништето


Претседателот се сретна и со најблиските на жртвите од уривањето на мостот, соопшти Белата куќа.
Претседателот се сретна и со најблиските на жртвите од уривањето на мостот, соопшти Белата куќа.

Претседателот Џо Бајден денеска во Балтимор беше на местото на уривањето на мостот Френсис Скот Ки, при што загинаа шестмина и се очекува да има големо влијание врз економијата на пристаништето во источното крајбрежје.

Воздушна обиколка на Бајден на урнатиот мост
Воздушна обиколка на Бајден на урнатиот мост

Бајден направи воздушна обиколка на остатоците од мостот и „со своите изјави ја потврди својата посветеност за поддршка на жителите на Балтимор“, соопшти Белата куќа.

Тој, исто така, доби оперативно ажурирање за напорите за одговор, рече портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер.

Претседателот Џо Бајден рече дека се надева дека каналот затворен со уривањето на мостот Френсис Скот Ки минатата недела ќе биде повторно отворен до мај. „Досега нашиот тим успеа да расчисти два мали канали за помали бродови, помагајќи да се расчистат остатоците“, рече Бајден. Трет канал за одреден комерцијален сообраќај - вклучително и превозници на автомобили, кои го користеа Балтимор како клучно пристаниште за американски увоз - треба да биде отворен до крајот на овој месец, рече Бајден. „До крајот на мај, ќе го отвориме целиот канал“, рече тој.

Првите луѓе на крајбрежната стража и армискиот инженерски корпус го споделија статусот на нивните напори за отстранување на остатоците и повторно отворање на пристаништето во Балтимор.

Претседателот се сретна и со најблиските на жртвите од уривањето на мостот, соопшти Белата куќа.

Бајден се појави заедно со секретарот за транспорт Пит Бутиџиг, гувернерот на Мериленд Вес Мур и други претставници на Мериленд и Балтимор.

Бајден за уривањето на мостот, рече: „Жителите на Балтимор може да сметаат на нас“.

„Како што рече претседателот неколку часа по колапсот, актуелната администрација ќе биде со граѓаните на Балтимор на секој чекор“, рече портпаролката, повторувајќи ја изјавата што ја даде на прес-брифингот во понеделникот.

Мостот Френсис Скот Ки се урна рано утрото на 26 март кога товарен брод удри во потпорен столб. Посмртните останки на две лица кои загинаа се пронајдени, а се претпоставува дека се мртви уште четворица. Екипите кои работат на отстранување на остатоците отворија два привремени канали за да овозможат ограничен сообраќај покрај мостот.

Работат на отворање трет канал и за поголеми бродови.

Бајден се осврна на катастрофата веднаш по колапсот, велејќи дека Белата куќа ќе ги испрати „сите федерални ресурси што им се потребни“ и дека ќе го обнови пристаништето.

Тој исто така рече дека има намера сојузната влада да ги плати сите трошоци за реконструкција на мостот.

Директорката на Канцеларијата за менаџмент и буџет Шаланда Јанг испрати писмо до конгресните лидери во петокот барајќи од нив да одобрат „100 отсто федерален удел на трошоците за обнова на мостот“.

Федералната управа за автопати обезбеди 60 милиони долари за итна помош за „брзо реконстуирање“.

Колку точно ќе чини обновата е нејасно, иако некои експерти проценуваат дека ќе чини најмалку 400 милиони долари и ќе трае 18 месеци.

Одделот за труд објави соопштение во петокот, во кое се вели дека администрацијата во Вашингтон објавила првична помош од 3,5 милиони долари како грантови за работници од Мериленд за поддршка на активностите за чистење.

Во соопштението се вели дека работниците чии работни места биле погодени ќе имаат пристап до нова обука и може да им се субвенционираат платите доколку се ангажирани во активности за вработување по катастрофата.

XS
SM
MD
LG