Линкови за пристапност

Јелен во Кина на разговори за кинеското преплавување во САД со евтини производи


Американската сектетарка за финансии Џенет Јелен пристигна во Кина, каде што треба да одржи речиси еднонеделни состаноци на високо ниво со кинески официјални претставници, вклучително и вицепремиерот Хе Лифенг, највисокиот економски функционер во земјата.

Се очекува разговорите да се фокусираат на кинеското преплавување на САД со евтини кинески производи, особено со силно субвенционираните производи за чиста енергија од Кина.

Таа ја започнува својата посета во Гуангжу, јужниот фабрички центар на Кина, а потоа продолжува во Пекинг. Во Гуангжу, Јелен ќе одржи дискусија на тркалезна маса со економски експерти за да разговара за предизвиците и можностите на кинеската економија.

Таа ќе се сретне и со американските бизнис лидери и со гувернерот на провинцијата Гуангдонг, Ванг Вејџонг.

Ова е второ патувањето на Јелен во Кина и доаѓа откако американскиот претседател Џо Бајден и кинескиот лидер Си Џинпинг имаа телефонски разговор, за прв пат од средбата во ноември.

XS
SM
MD
LG