Линкови за пристапност

Основачот на Светската централна кујна Хосе Андрес обвини дека е „директен напад врз јасно обележани возила“


Андрес рече дека нападот е резултат на „политика што ја притисна хуманитарната помош на очајни нивоа, повикувајќи се на поплаките од хуманитарните организации за тешкотијата да се стигне помош во Газа.
Андрес рече дека нападот е резултат на „политика што ја притисна хуманитарната помош на очајни нивоа, повикувајќи се на поплаките од хуманитарните организации за тешкотијата да се стигне помош во Газа.

Израелската војска во средата соопшти дека нејзиниот воздушен напад во кој загинаа седум хуманитарни работници во Газа е „голема грешка“.

Началникот на израелската војска, генерал-полковник Херзи Халеви, го припиша нападот, во кој загинаа членовите на хуманитарната група Светска централна кујна (СЦК), на „погрешна идентификација ноќе, за време на војна, во многу сложени услови“.

„СЦК е организација чии луѓе работат низ целиот свет, вклучително и во Израел, за да прават добро во тешки услови“, рече Халеви во видео изјава. „Израелската армија тесно соработува со Светската централна кујна и многу ја цени важната работа што ја прават“, рече Халеви.

Основачот на Светска централна кујна, Хосе Андрес, во есеј објавен во средата во Њујорк Тајмс рече дека Израел извршил „директен напад врз јасно обележани возила чии движења биле познати од израелските одбранбени сили“.

https://www.nytimes.com/2024/04/03/opinion/jose-andres-let-people-eat.html

Андрес рече дека нападот е резултат на „политика што ја притисна хуманитарната помош на очајни нивоа“, повикувајќи се на поплаките од хуманитарните организации за тешкотијата да се стигне помош во Газа и во рацете на Палестинците на кои очајно им е потребна помош среде израелските војна на Хамас.

„Во најлоши услови, по најтешкиот терористички напад во неговата историја, време е да се појави најдоброто од Израел“, рече Андрес. „Не можете да ги спасите заложниците со бомбардирање на секоја зграда во Газа. Не можете да ја добиете оваа војна со гладување на цело население“.

Американскиот претседател Џо Бајден доцна во вторникот изјави дека е „огорчен и скршен“ од нападот.

„Тие им обезбедуваа храна на гладните цивили среде војна. Тие беа храбри и несебични. Нивната смрт е трагедија“, се вели во изјавата на Бајден.

Американскиот лидер рече дека нападот во вторникот не бил самостоен инцидент и дека Израел „не направил доволно за да ги заштити хуманитарните работници кои се обидуваат да ја достават очајно потребната помош на цивилите“.

„САД ќе продолжат да прават сè што можат за да доставуваат хуманитарна помош до палестинските цивили во Газа, преку сите расположливи средства“, рече Бајден и додаде дека „ќе продолжи да го притиска Израел да направи повеќе за да ја олесни таа помош. Силно притискаме за итен прекин на огнот како дел од договорот за заложници“.

Светска централна кујна соопшти дека веднаш ги прекинува своите хуманитарни напори во регионот по нападот.

XS
SM
MD
LG