Линкови за пристапност

Прашањето за абортусот ќе биде императив за гласачите во Флорида за изборите во ноември


Пресудата го отвори патот за Флорида да ја спроведе забраната за абортус по шестата недела од бременоста, која законодавците ја усвоија, и гувернерот Рон Де Сантис го потпиша во закон минатата година.
Пресудата го отвори патот за Флорида да ја спроведе забраната за абортус по шестата недела од бременоста, која законодавците ја усвоија, и гувернерот Рон Де Сантис го потпиша во закон минатата година.

Врховниот суд на Флорида оваа недела издаде две пресуди кои практично наведуваат дека прашањето за абортусот ќе биде на ум за многу гласачи во ноември.

Во мислењето објавено во понеделникот, Судот пресуди дека уставот на Флорида не го вклучува правото на жените во државата да имаат абортус.

Пресудата го отвори патот за државата да ја спроведе забраната за абортус по шестата недела од бременоста, која законодавците ја усвоија, и гувернерот Рон Де Сантис го потпиша во закон минатата година.

Пети Лин, активистка за репродуктивни права, коалиција Про-избор на округот Бровард изјави дека „среќни сме што ќе можеме да гласаме за абортусот, но многу сме несреќни бидејќи по 1-ви мај повеќе нема да има можност за абортус во Флорида, и луѓето во Јужна Флорида ќе мора да патуваат 800-900 милји за да добијат репродуктивна нега“.

Поновата историја сугерира дека противниците на амандманот може да имаат сериозна политички борба на гласачкиуте места во ноември.

Откако Врховниот суд на САД во 2022 година ја поништи Роу против Вејд, децениската пресуда која ги спречуваше државите целосно да ги забранат абортусите, прашањето беше ставено пред гласачите во неколку држави.

XS
SM
MD
LG