Линкови за пристапност

Таусенд: Проширувањето на НАТО со Шведска и Финска е апсолутно правилен чекор


Европските нации сфаќаат дека по претстојните американски претседателски избори може да има претседател во Белата куќа кој можеби нема да сака да и` помогне на Украина, вели Џим Таунсенд.
Европските нации сфаќаат дека по претстојните американски претседателски избори може да има претседател во Белата куќа кој можеби нема да сака да и` помогне на Украина, вели Џим Таунсенд.

Грузиската редакција на Гласот на Америка го интервјуираше Џим Таунсенд, помошен виш соработник во Трансатлантската безбедносна програма, поранешен заменик-помошник секретар за одбрана за европска и НАТО политика.

Таунсенд во интервјуто за грузиската редакција се осврна на членството на Шведска и Финска во НАТО, изјавата на францускиот претседател Макрон за можноста за испраќање европски трупи во Украина, шведските подводни капацитети во Балтичкото Море против способностите на Русија, вклучително и војната во Украина.

Глас на Америка: НАТО сега има 32 земји-членки. Како ги оценувате проширувањата во целина?

Џим Таунсенд: Проширувањето како целина беше апсолутен правилен следен чекор. Откако Студената војна заврши во раните деведесетти и Варшавскиот пакт исчезна, НАТО мораше да одлучи каква ќе биде нејзината иднина и дали и тоа треба да исчезне како Варшавскиот пакт. Но, сојузниците се согласија дека НАТО е сила за стабилност и во Европа. Како што новите демократии излегуваа од Варшавскиот пакт додека се интегрираа во Европа, Европската унија беше важна, но и НАТО беше важен во смисла да им помогне на овие нации да излезат од закрилата на Советскиот Сојуз и да станат како Европејци. НАТО помогна да се обликуваат нивните воени сили во нешто што е стабилно, нешто што е европско. Јас и голем број колеги во Стејт департментот, Пентагон и во европските метрополи, мислам дека многу сме среќни што ја вложивме целата таа работа, затоа што создадовме Европа која е многу постабилна, која е интегрирана, која работи заедно.

Глас на Америка: Каде ги гледате НАТО во однос на Украина? Дали сте задоволни од сегашната поддршка на НАТО кон Украина?

Џим Таунсенд: Тоа е комплицирано прашање. Нашата политика нè доведе до стадиум каде што е се потешко да се изгласа дополнителен буџет во Претставничкиот дом за да и помогне на Украина да купи работи како муниција и работи што ѝ требаат секојдневно против руска офанзива, која, всушност се одвива токму сега на исток од земјата.

Според него, „европските нации сфаќаат дека по претстојните американски претседателски избори, може да има претседател во Белата куќа, кој можеби воопшто не сака да и помогне на Украина“

Таунсенд истакна дека Европејците сега се обидуваат подобро да се организираат. „Треба да го премостат јазот што го оставија САД денес, и оној што може да се случи во ноември доколку изборите завршат во друга насока. На пример, Чешка, направи фантастична работа со обезбедување муниција пет милиметри, а тој вид муниција се користи во артилерија и други системи во Украина“, истакна поранешен заменик-помошник секретар за одбрана за европска и НАТО политика во интервјуто за грузиската редакција на Гласот на Америка.

XS
SM
MD
LG