Кина во четвртокот рече дека одобрувањето на предлог-законот од страна на Претставничкиот дом на САД што ќе го принуди Тик Ток да ги прекине врските со својата кинеска матична компанија или да биде забранет во Соединетите држави, следи „целосно погрешна логика“.
Апликацијата за кратко видео се зголеми во популарност ширум светот, но нејзината сопственост на кинескиот технолошки гигант ByteDance - и наводното влијание од владејачката Комунистичка партија во Пекинг - предизвика загриженост во западните метрополи.
Во средата, Претставничкиот дом на САД со големо мнозинство го одобри нацрт-законот што ќе го принуди TikTok да се откаже од својата матична компанија или ќе се соочи со забрана на национално ниво.
Предлог-законот допрва треба да помине во Сенатот, каде што се очекува да се соочи со потежок тест за да стане закон. „Предлог-законот усвоен од Претставничкиот дом ги става САД на спротивната страна од принципите на фер конкуренција и меѓународните економски и трговски правила“, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Ванг Венбин на редовната прес-конференција.
Претставничкиот дом на САД го одобри законот со кој популарната апликација Тик Ток ќе ја принуди или да се одвои од нејзината матична компанија „ByteDance“ во кинеска сопственост или да ја продаде американската верзија на софтверот.