Роберт Шапиро од Универзитетот Колумбија во интервју за руската редакција на Гласот на Америка ги коментираше првичните резултатите од гласањата за супер вторникот, и кои се очекувањата за понатамошниот тек од претседателската трка на САД
Запрашан, дали неопределените гласачи може да влијаат врз поддршката на претседателот Бајден, откако многумина го обвинуваат за безрезервна поддршката на Израел во војната против Хамас, но и дали тоа може да влијае врз резултатите од изборите во ноември?
„Нејасно е да се каже каков ефект ќе има на изборите бидејќи изборите се далеку. Но, тие гласачи претставуваат проблем. Тие не се голем број, но би можеле да бидат доволно голем број во клучните држави во однос на изборните гласови за да направат разлика“, вели Шапиро.
Според него, тоа се гласачи кои му се потребни на Бајден.
„Не мора да значи дека овие гласачи би можеле да гласаат за Трамп. Гласачите можеби нема да гласаат за никого, или може да гласаат за кандидат од трета страна“, предупредува овој аналитичар.
Иако Доналд Трамп победи во повеќето сојузни држави на прелиминарните избори за Супер вторникот, тој сè уште треба да работи на привлекување на добро образованите гласачи во предградијата во САД.
„Тоа се поддржувачите на Ники Хејли. Како што знаете, и таа самата му кажа дека на Трамп дека треба да ги придобие тие гласачите Тие се во иста ситуација како необврзаните гласачи меѓу демократите, коишто можеби воопшто нема да гласаат’, наведува Роберт Шапиро од Универзитетот Колумбија во интервју за руската редакција на Гласот на Америка.