Линкови за пристапност

Вејлен: Трамп ќе треба да ја придобие довербата од образованите гласачи во предградијата


Томас Вејлен, Вонреден професор по општествени науки на Универзитетот во Бостон за руската редакција на Гласот на Америка ги коментираше првичниот резултатите од гласања во супер вторникот и коментира што може следно да се очекува?

„Очекувам во четврток навечер, Бајден можеби ќе се осврне за состојбата на Блискиот исток, за време на обраќањето за состојбата на нацијата во Конггресот. Можеби дури ќе говори и за објавување итен прекин на огнот или да се принуди Израел да седне на мировна маса и да има прекин на огнот. Мислам дека за време на обраќањето во Конгресот оваа година за состојба нацијата, на многу начини ќе биде првиот значаен настан за кампањата за Џо Бајден кој влегува интензивно во претседателските трка“, изјави Вејлен.

Запрашан дали Трамп, иако имаше прилично лесна победа во овој супер вторник, но тој сè уште се бори да ги придобие пообразованите гласачи во предградијата? Дали би гласаат за него кога ќе стане официјални републикански кандидати?

„Во предградијата на клучните сојузни држави како Пенсилванија и Мичиген, тој треба да ја придобие поддршката од 30% од гласовите, бидејќи анкетите покажуваат нема голема доверба“, рече вонредниот професор по општествени науки на Универзитетот во Бостон во интервјуто за руската редакција на Гласот на Америка, според кого, примарните гласања, покажуваат одредена слабост во неговата кандидатура во трката за претседател.

XS
SM
MD
LG