Линкови за пристапност

Самит во Тирана: „Руската агресија останува најголема закана за Европа“


Документот кој содржи 12 точки недвосмислено потврдува дека Украина го има правото самата да ја одредува својата иднина и дека тоа право не може Русија да и го одземе по пат на сила.
Документот кој содржи 12 точки недвосмислено потврдува дека Украина го има правото самата да ја одредува својата иднина и дека тоа право не може Русија да и го одземе по пат на сила.

„Руската агресија останува најголема закана за европската безбедност, потврда на поддршката за територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, повик за зголемување на меѓународната поддршка за властите во Киев“ – ова се само дел од заклучоците во Декларацијата што произлезе од денешниот самит Украина – Југоисточна Европа што се одржа во Тирана.

Документот кој содржи 12 точки недвосмислено потврдува дека Украина го има правото самата да ја одредува својата иднина и дека тоа право не може Русија да и го одземе по пат на сила.

Земјите од Југоисточна Европа кои учествуваа на Самитот, меѓу кои и Северна Македонија, ја реафирмираа солидарноста со Украина како и посветеноста да учествуваат во обновата на државата по завршувањето на конфликтот.

На Самитот допатува и украинскиот претседател Зеленски.

„Сите разбираат дека сега е моментот кога се одредува патот на Европа за наредните неколку генерации и сите сакаме Европа да биде просторот каде секоја држава сама си ја одредува судбината. Во минатото видовме како некој друг се обидувал да ја одреди иднината на други држави, а тоа се случи и тука на Балканот. Сега Путин сака да го направи истото. „Ова сега не е доволно да се порази Путин. Гледаме дека има проблеми со обезбедувањето муниција кои влијаат врз ситуацијата на бојното поле. Заинтересирани сме за копродукција со вас и со сите наши партнери. Предлагаме да се одржи посебен украинско – балкански форум на одбранбената индустрија во Киев или во некоја од балканските престолнини. Задоволен сум од заедничката соработка на нашите земји.“, изјави Зеленски.

Путин не успеа во своите намери за брзо да ја покори Украина – изјави домаќинот, албанскиот премиер Рама.

„Вашето присуство тука е потсетник дека тој, Путин, не успеа. И покрај сета воена моќ, и токсичната пропаганда неоимперијалистичката Русија не успеа да ја урне демократски избраната влада на Украина. Русија не успеа да ја скрши волјата на украинскиот народ да живее во слободна, независна и демократска татковина. Русија не успеа да ја потисне вистината. Владимир Путин сакаше да ја збрише Украина за неколку дена, но позицијата на Украина денес е повеќе од кога било зациментирана во Европа.“, изјави Еди Рама, премиер на Албанија.

На Самитот во Тирана присуствуваше и шефот на државата Пендаровски кој се обрати на собирот.

„Неодамнешната одлука на Советот на ЕУ да обезбеди помош од 50 милијарди евра, како и изгледите за обезбедување на околу 90 милијарди долари од страна на американскиот Конгрес, се сметаат за соодветен правец на дејствување. Северна Македонија беше меѓу првите нации што и пружи воена, техничка и хуманитарна помош на Украина. Досега имаме испорачано 12 пакети помош, со вкупна вредност од 60 милиони евра. Заедно со нашите НАТО сојузници и со истомислениците, ќе продолжиме да се спротивставуваме на нападот врз независноста на Украина, барајќи одговорност за сите извршени злосторства со цел да се обезбеди правда за жртвите и нивните семејства“, порача Пендаровски.

Самитот во Тирана се случува во период на интензивирање на руските напади на истокот од Украина како и повлекувањето на украинските сили на делови од фронтот, пред се, поради недостигот на вооружување и муниција кои доаѓаат од НАТО – сојузниците и од САД.

XS
SM
MD
LG