Линкови за пристапност

Проширен шумски пожар во jужната држава Тексас


Републиканскиот гувернер Грег Абот издаде декларација за катастрофа во 60 окрузи
Републиканскиот гувернер Грег Абот издаде декларација за катастрофа во 60 окрузи

Проширениот шумски пожар во САД во јужната држава Тексас поттикна издавање наредби за евакуација во најмалку еден мал град, бидејќи силните ветрови, сува трева и несоодветно топлите температури го поттикнаа пожарот во руралниот дел на Панхендл.

Републиканскиот гувернер Грег Абот издаде декларација за катастрофа во 60 окрузи бидејќи најголемиот пожар изгоре повеќе од 780 квадратни километри, според шумската служба на Тексас A&M.

Тоа е повеќе од двојно поголем простор од пожарот што избувна во понеделникот. Најголемиот пожар, познат како Smokehouse Creek Fire, ги затвори автопатите и натаму не е под контрола од вторникот попладне, според Шумската служба.

Националната метеоролошка служба издаде предупредувања со црвено знаме и предупредувања за опасност од пожари за неколку други држави низ средината на земјата, бидејќи силните ветрови со брзина од над 64 километри на час во комбинација со топлите температури, ниската влажност и сувата зимска вегетација ги прават условите зрели за ширење на шумски пожари.

XS
SM
MD
LG