Линкови за пристапност

Бајден со извршна наредба ќе ги штити чувствителните лични податоци на Американците


Претседателот Џо Бајден во средата потпишува извршна наредба со цел подобра заштита на личните податоци на Американците за сè, од биометрика и здравствени досиеја до финансии и геолокација од странски противници како Кина и Русија, објави Асошиејтед Прес.

Според АП, јавниот обвинител и другите федерални агенции треба да го спречат големото пренесување на личните податоци на Американците во она што Белата куќа ги нарекува „земји за загриженост“, истовремено поставувајќи заштитни мерки околу други активности што можат да им овозможат на тие земји пристап до чувствителните податоци на луѓето.

Целта е да се направи тоа без да се ограничи легитимната трговија со податоци, изјавија високи претставници на администрацијата на Бајден на разговор со новинарите.

Потегот на Бајден ги таргетира брокерите за комерцијални податоци, понекогаш сомнителните компании кои тргуваат со лични податоци и за кои официјални лица велат дека може да продаваат информации на странски противници.

Повеќето евентуални механизми за спроведување сè уште треба да ги расчистат сложените и често повеќемесечни процеси на креирање правила.

Сепак, администрацијата се надева дека на крајот ќе ги ограничи странските ентитети, како и компаниите контролирани од странство кои работат во САД, кои инаку би можеле неправилно да собираат чувствителни податоци.

XS
SM
MD
LG