Линкови за пристапност

Обвинет поранешен информатор на ФБИ


Обвинителите побараа од судијата да го задржи Александар Смирнов зад решетки додека го чека судењето.
Обвинителите побараа од судијата да го задржи Александар Смирнов зад решетки додека го чека судењето.

Обвинителите велат дека поранешен доушник на ФБИ обвинет за формирање на мултимилионска шема за поткуп на претседателот Џо Бајден, неговиот син Хантер и една украинска енергетска компанија, имал контакти со претставници поврзани со руското разузнавање.

Обвинителите побараа од судијата да го задржи Александар Смирнов зад решетки додека го чека судењето.

Тој е обвинет за лажно известување до ФБИ во јуни 2020 година дека директорите поврзани со украинската енергетска компанија Бурисма им платиле на Хантер и Џо Бајден по 5 милиони долари во 2015 или 2016 година.

Обвиненијата за Бурисма станаа жестока тема во Конгресот бидејќи републиканците кои спроведуваат истраги за претседателот Бајден и неговото семејство побараа од ФБИ да го објави формуларот, во кој се документираат наводите.

Тие признаа дека не можат да потврдат дали наводите се точни.

XS
SM
MD
LG