Линкови за пристапност

Блинкен во Бразил на разговори со претседателот Силва и средби со колегите од Г-20


Стејт департментот соопшти дека Блинкен ќе ја нагласи поддршката од САД за бразилското претседателство со Г-20.
Стејт департментот соопшти дека Блинкен ќе ја нагласи поддршката од САД за бразилското претседателство со Г-20.

Државниот секретар Антони Блинкен е во Бразил на разговори со бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва и ќе се сретне со неговите колеги од Групата 20.

Стејт департментот соопшти дека Блинкен ќе ја нагласи поддршката од САД за бразилското претседателство со Г-20, американско-бразилското партнерство за правата на работниците, соработката за транзиција на чиста енергија и одбележувањето за двестегодишнина од дипломатските односи меѓу двете земји.

Со оглед на тоа што рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, исто така, се очекува да присуствува на состаноците на Г-20, постои потенцијал за ретка интеракција лице в лице меѓу двајцата.

Блинкен, исто така, планира да разговара за Мултинационалната безбедносна мисија за поддршка на Хаити со партнерите од Г-20 на маргините на состаноците, адресирајќи го повикот на народот на Хаити за помош за враќање на безбедноста и стабилноста.

Не се очекува заедничка изјава на Г-20 за Газа и Украина.

Г-20, составен од 19 земји, вклучувајќи ги Г7, Европската унија и Африканската унија, претставува околу 85% од глобалниот БДП, 75% од глобалната трговија и две третини од глобалното население.

Г-7 ги опфаќа најбогатите и најмоќните земји во светот.

Минатата недела, министрите за надворешни работи на Г7 изразија огорченост поради смртта на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во притвор и ветија непоколеблива поддршка за Украина како што се приближува двегодишната од руската инвазија.

Во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на Г7, исто така, се изразува заложба за „продолжени и трајни паузи во непријателствата што водат до одржлив прекин на огнот“ во Газа, истовремено изразувајќи „длабока загриженост“ за „уништувачкото“ влијание на воените операции на Израел во Рафа, каде што повеќе повеќе од милион цивили.

XS
SM
MD
LG