„И, покрај обврските кои произлегуваат од Преспанскиот договор дека од денес мора да се патува само со нови патни исправи на кои стои името Република Северна Македонија, сепак албанските полициски и царински служби ги пропуштаат македонските граѓани на граничниот премин Ќафасан кај Струга и со документи на кои што пишува старото име, односно Република Македонија“.
Но, на Ќафасан денес ги немаше вообичаените гужви за влез во Албанија. Повеќето од оние кои ја поминуваа границата беа албански државјани. Граѓаните со кои разговаравме велат дека се задоволни од ваквата одлука на албанските власти, бидејки многумина до Албанија одат и на само еден ден.
„Често одам за ручек за вечера, три до четири дена во неделата одам во Албанија. Ако ме пушти македонска полиција, Албанија нема никаков проблем“, вели еден граѓанин.
„Немаме никакво проблем на граница ниту на македонска ниту на албанска страна“, велат граѓаните.
Исто така се дозволува влез и на моторни возила со код на регистерските таблички без ознаката НМК.
„Од полноќ до 10.00 часот на ден 13.02.2024 година, во споредба со 12.02.2024 година, сообраќајот на патници и возила на ГП Ќафасан бележи зголемување, односно се одвива нормало и непречено. Полициските службеници од граничен премин Ќафасан ги преземаат сите потребни мерки за полесен проток на патници и возила“, рече Мерлина Зиба, портапрол во МВР - Струга.
На Ќафасан од полноќ до 10.00 часот на 13 февруари регистрирана е бројка, на влез од 62 македонски државјани, додека на излез на Репблика Северна Македонија, 147 македонски државјни. И на останатите гранични премини сообраќајот се одвива без проблеми. Најчесто патуваат оние со нови патни документи. На границата со Грција, грчките погранични служби ги пуштаат само оние македонски граѓани, кои имаат документи со новото уставно име.