Врховниот суд на Соединетите Американски Држави ги сослушува усните аргументи во четврток за да утврди дали поранешниот претседател и веројатен републикански претседателски кандидат Доналд Трамп е подобен за функцијата и дали треба да биде исклучен од гласачките ливчиња на државите поради неговата улога во упадот во зградата на Капотолот на 6-ти јануари 2021.
На тој ден толпа приврзаници на Доналд Трамп кои веруваа во неговата реторика дека изборите во ноември 2020 година се украдени, упаднаа во американскиот Капитол за да ги спречат законодавците да ја потврдат победата на Џо Бајден.
Улогата на Трамп во опсадата и дали тоа го прави неподобeн да се кандидира за реизбор, е суштината на случајот пред Врховниот суд кој заседава во четврток за тоа дали веројатниот републикански кандидат да биде исклучен од гласачкото ливче во државата Колорадо затоа што се вклучил во бунт на 6-ти јануари.