Претставничкиот дом на САД му зададе удар на републиканскиот спикер Мајк Џонсон кога во вторникот гласаше против отповикување на секретарот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас од администрацијата на демократскиот претседател на Џо Бајден.
„На ова гласање ЗА се 214, а Против се 216. Резолуцијата не се усвојува“, изјави спикерот на Претставничкиот дом Мајк Џонсон.
Четворица републиканци им се придружија на демократите во спротивставувањето на обвиненијата против секретарот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас.
Републиканците во Претставничкиот дом сметаат дека Мајоркас намерно не преземал доволно мерки во обезбедувањето на границата со Мексико и ја нарушил довербата на јавноста давајќи лажни извештаи за состојбата.
И покрај неуспешниот импичмент, партиската политичка борба за миграцијата ескалира во оваа изборна година во САД.
Анкетите велат дека имиграцијата стана главна грижа за гласачите додека водечкиот од кандидатите меѓу Републиканците Трамп се подготвува за најверојатниот дуел на изборите во ноември со актуелниот претседателот Бајден.