Шведска, која се откажа од позицијата на воена неутралност и бараше членство во НАТО по руската инвазија на Украина во 2022 година, сега е на еден глас до пристапување во Алијансата како нејзина 32-ра членка.
Хенрик Ландерхолм, советник за национална безбедност на Шведска за Гласот на Америка на грузиски јазик се осврна за претстојното членство на неговата земја и перспективите со безбедносните предизвици со кои се соочува Алијансата во 2024 година.
Според мислењето на Ландерхолм во интервјуто за грузиската редакција на Гласот на Америка, доколку Русија победи во војната против Украина, нејзиниот апетит само ќе се зголеми, што ќе резултира со поголеми безбедносни закани за многу поширок регион.
Ландерхолм рече дека е благодарен за силната поддршка на САД за шведското членство во НАТО и дека е задоволен што се чини дека процесот сега завршува.
Унгарија е единствениот преостанат сојузник во НАТО што допрва треба да го ратификува шведското членство, а нејзиното Национално собрание навести дека има намера да гласа наскоро.
Според Ландерхолм, нема што да се преговара, само се чека ратификација од Унгарија.
Глас на Америка: Турскиот парламент гласаше за одобрување на членството на Шведска во НАТО. Какво е вашето чувство и што значи ова за Шведска?
Ландерхолм: Тоа е потврда дека сме биле на вистинскиот пат и дека Турција ги исполнува своите обврски – што тие го ветија во договорот меѓу претседателот Реџеп Таип Ердоган и премиерот Улф Кристерсон во Вилнус. Не се сомневавме дека тоа ќе се случи, и секако дека ќе биде добар ден кога ќе се случи нашиот влез во НАТО.
Глас на Америка: И сега следниот чекор е претседателот Ергоган, да ја потпише одлуката. Дали очекувате некакви компликации?
Ландерхолм: Не очекуваме компликации освен дека тоа е формалност. Тоа треба да биде објавено во официјалниот весник, а потоа претседателот Ердоган треба да го депонира документот во Стејт департментот, како што е наведено во Вашингтонскиот договор. Потоа, се разбира, следниот чекор е унгарската ратификација. Ќе видиме што ќе се случи.
Глас на Америка: Премиерот на Унгарија Виктор Орбан рече дека го поканува премиерот на Шведска во Будимпешта за да преговара. Познато ли е за што сака да преговара?
Треба да запомниме дека Унгарија ја покани Шведска да влезе во НАТО без никакви предуслови, што е многу поинаква ситуација од Турција, која имаше безбедносни грижи поврзани главно со шведскиот и финскиот пристап кон тероризмот.Ландерхолм, советник на шведскиот премиер
Ландерхолм: Па, да го цитирам мојот министер за надворешни работи, нема што многу да се преговара. Во многу љубезно и отворено писмо што го испрати до мојот премиер, Орбан предлага негова посета на Будимпешта, а јас предвидувам дека тоа ќе се случи порано или подоцна. Треба да запомниме дека Унгарија ја покани Шведска да влезе во НАТО без никакви предуслови, што е многу поинаква ситуација од Турција, која имаше безбедносни грижи поврзани главно со шведскиот и финскиот пристап кон тероризмот. Работиме со ... турските власти на тоа околу една година. Отворени сме за таков дијалог, но не забележавме никакви предуслови или потреба за преговори.
Глас на Америка: САД и даваа голема поддршка на Шведска во текот на овој процес. Како беше примена веста во Вашингтон?
Ландерхолм: Многу позитивно - дури и олеснување - од страна на САД. Шведска од самиот почеток имаше силна поддршка од САД. Шведска и Финска се повеќе добредојдени како членки на НАТО. Зборувајќи за Шведска, нашето разбирање беше дека кога Русија го покажа своето вистинско лице, кога Русија покажа дека е предатор без граници и изврши целосна инвазија на Украина, ние требаше да ја зачуваме сопствената безбедност. Општото чувство беше дека сме на страната која бараше и ни требаше поддршка од НАТО.