Линкови за пристапност

Во Газа над 26.000 загинати во повеќе од три месеци војна


Министерството за здравство на Газа во петокот соопшти дека бројот на загинати на територијата се искачи на повеќе од 26.000 луѓе со повеќе од 64.400 ранети во повеќе од три месеци војна.

Министерството соопшти рано во петокот дека во последните 24 часа, 183 Палестинци се убиени во израелски напади, а 377 се повредени.

Израелската војска соопшти дека го истражува нападот во четвртокот во кој загинаа најмалку 20 лица, а беа ранети уште 150 во сообраќајниот круг во градот Газа додека Палестинците чекаа хуманитарна помош, соопштија здравствените власти на Хамас.

Исто така во центарот на Газа, палестинските здравствени власти соопштија дека во ноќен израелски воздушен напад врз куќа во бегалскиот камп Ал-Нусеират загинале шест лица.

Бројот на загинати од нападот во средата врз тренинг-центарот на Обединетите нации во Кан Јунис во јужниот дел на Газа се искачи на 12, а повеќе од 75 се ранети, според Томас Вајт, висок функционер во агенцијата на Обединетите нации за палестински бегалци.

XS
SM
MD
LG