САД објавија иницијатива за борба против напорите на авторитарните влади да манипулираат со информации, да ги искривуваат дебатите за важни теми и да ги поткопаат демократските институции.
Стејт департментот во соопштението рече дека напорите вклучуваат работа со сојузниците за „развивање координирани одговори на манипулациите со странски информации и заштита на слободните и отворени општества“.
„Оваа транснационална закана бара координиран меѓународен одговор“, се вели во соопштението.
Иницијативата на САД вклучува обезбедување на заштита на изборите од странско мешање и заштита на маргинализираните групи, како и слободата на изразување.
Исто така, повикува владите да имаат посветени институции за да го координираат меѓународниот ангажман и „дигиталната комуникација заснована на факти за манипулација со странски информации“. САД, исто така, се залагаат за инвестирање во дигиталната безбедност и за владите да ја заштитат улогата на независните медиуми.