Линкови за пристапност

САД стрелаа врз проектили на Хутите во Јемен


Ракетите беа „непосредна закана за трговските бродови и бродовите на американската морнарица во регионот“, се вели во соопштението на УС-ЦЕНТКОМ.
Ракетите беа „непосредна закана за трговските бродови и бродовите на американската морнарица во регионот“, се вели во соопштението на УС-ЦЕНТКОМ.

Американските сили извршија воздушни напади доцна во средата врз 14 проектили на Хути во западен Јемен, соопшти американската Централна команда.

Ракетите беа „непосредна закана за трговските бродови и бродовите на американската морнарица во регионот“, се вели во соопштението на УС-ЦЕНТКОМ.

„Акциите на терористите Хути поддржани од Иран продолжуваат да ги загрозуваат меѓународните морнари и да ги нарушуваат комерцијалните бродски рути во јужното Црвено Море и соседните водни патишта“, рече генералот Мајкл Ерик Курила, командант на УС-ЦЕНТКОМ.

„Ќе продолжиме да преземаме активности за заштита на животите на невините морнари и секогаш ќе го штитиме нашиот народ“, рече тој.

Нападите на САД се четврта директна акција, вклучително и оние преземени заедно со британските сили, против локациите на Хутите во Јемен како одговор на нападите и заканите за бродовите во Црвеното Море.

XS
SM
MD
LG