Линкови за пристапност

Израелската војска објави дека убила десетици милитанти во Газа; здравствените власти алармираат за цивилни жртви во Рафах


Медицинскиот персонал соопшти дека половина од 16-те убиени се деца.
Медицинскиот персонал соопшти дека половина од 16-те убиени се деца.

Израел во четвртокот соопшти дека извршил напади насочени кон милитанти во северниот и јужниот дел на Појасот Газа, додека Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, соопшти дека во израелски воздушен напад во Рафах загинале 16 луѓе.

Нападот во Рафах, лоциран долж границата на Газа со Египет, погоди дом, соопшти Министерството за здравство.

Медицинскиот персонал соопшти дека половина од 16-те убиени се деца.

Израелската војска соопшти дека нејзините сили убиле околу 40 милитанти во областа Кан Јунис, во јужниот дел на Газа, и уште неколку милитанти за време на копнените и воздушните операции во северниот дел на појасот.

Израел, исто така, соопшти дека ги извршил своите најнови воздушни напади во јужен Либан насочени кон локации на милитантната група Хезболах, сојузник на Хамас.

Либанско-израелската граница е место на чести прекугранични напади од почетокот на војната во Газа. Катар доцна во средата соопшти дека лековите за заложниците кои ги држел Хамас влегле во Газа, но не е јасно дали залихите биле дистрибуирани.

XS
SM
MD
LG