Линкови за пристапност

Северна Македонија: Нема разрешување на претседателката на Врховниот суд  

Со денешното гласање, барем засега, се стави крај на случувањата околу Беса Адеми и информациите дека нејзината смена е иницирана откако изјави дека трпи политички притисоци за Врховниот суд да го отвори прашањето на аболициите на поранешниот шеф на државата Ѓорѓе Иванов.  

Беса Адеми останува на функцијата.

Судскиот совет, на денешната маратонска седница, реши да ја запре постапката за разрешување на претседателката на Врховниот суд.

Мнозинството членови на Советот, по неколкучасовна дебата, решија да нема разрешување на Адеми – иницијатива покрената поради недоаѓање на првиот човек на Врховниот суд на седници на Судскиот совет. Пред чинот на гласањето ново-старата претседателка на Советот, Весна Дамева која од минатата седмица се врати на позицијата, порача дека нема да биде „за“ разрешување на Адеми.

Беса Адеми останува на функцијата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:52 0:00

„Во текот на целокупната постапка, кај мене се зацврсти ставот дека не се сторени повреди. Кај мене е недозволиво да гласам за одредена мерка, колку за да пројде. Без оглед, може сите да сте против мене, сама да останам, ако сметам дека е за разрешување, ќе гласам така.“, изјави Весна Дамева, претседателка на Судскиот совет.

Со денешното гласање, барем засега, се стави крај на случувањата околу Беса Адеми и информациите дека нејзината смена е иницирана откако изјави дека трпи политички притисоци за Врховниот суд да го отвори прашањето на аболициите на поранешниот шеф на државата Ѓорѓе Иванов.

Пред денешната седница на Советот, евроамбасадорот Гир, вчера се сретна со претседателката на ова тело. Тој беше јасен за тоа кои се очекувањата на Брисел од Судскиот совет.

„Причината на оваа средба со Дамева беше да разговараме за состојбите во Судскиот совет, како и во врска со препораките на оценската мисија на Европската комисија и мерките кои ќе бидат преземени од страна на советот.“, изјави Дејвид Гир, амбасадор на ЕУ во Скопје.

Дамева се врати на чело на Советот откако Управниот суд пресече дека нејзината смена била незаконска – потег кој беше протолкуван како политички мотивиран и кој повлече остри реакции од експертската јавност и од меѓународната заедница.

Враќањето на Дамева го поздравија дел од амбасадорите акредитирани во земјава – вчера со неа се сретна и холандскиот амбасадор Дирк Јан Коп кој пренел дека сега „ова тело е повторно легален субјект и дека е можно обновување на проектот кој Холандија го стави во мирување по разрешувањето на Дамева“.

XS
SM
MD
LG