Линкови за пристапност

Украинската армија во Одеса уништила бројни беспилотни летала лансирани од Русија


Украинската војска во средата соопшти дека уништила 19 од 20-те беспилотни летала лансирани од Русија во нападите во текот на ноќта, но властите рекоа дека паѓањето на остатоци повредило три лица во јужното пристаниште Одеса.

Војската соопшти дека повеќето од беспилотните летала биле насочени кон регионот на Одеса. Украинското Министерство за внатрешни работи соопшти дека остатоци погодиле станбени згради и оштетиле гасовод.

Нападот со беспилотно летало уследи по ракетните напади во вторникот во кои беа ранети најмалку 17 лица во североисточниот град Харков.

Регионалниот гувернер на Харков на Телеграм изјави дека два руски проектили го погодиле центарот на градот, вклучително и станбени згради.

Градоначалникот на градот опиша две силни експлозии и рече дека најмалку 10 живеалишта биле оштетени.

Харков, на североистокот на Украина, беше честа мета на напади, но во речиси двегодишниот конфликт, градот не падна во рацете на Русија.

Во меѓувреме, американскиот државен секретар Антони Блинкен го увери украинскиот претседател Володимир Зеленски за „силна, трајна поддршка за Украина“ и решеност од страна на администрацијата на Бајден да продолжи со воената помош за украинските сили.

Коментарите на Блинкен дојдоа на почетокот на разговорите во вторникот на маргините на Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија.

XS
SM
MD
LG