Линкови за пристапност

Хамас соопшти дека од израелски воздушен напад загинале 14 лица во Газа


Израел, исто така, во четвртокот објави нови напади врз цели на Хезболах во јужен Либан и нови прекугранични лансирања на ракети кои доаѓаат од Либан кон Израел.
Израел, исто така, во четвртокот објави нови напади врз цели на Хезболах во јужен Либан и нови прекугранични лансирања на ракети кои доаѓаат од Либан кон Израел.

Во израелски воздушен напад во Газа во четвртокот загинаа 14 лица, според Министерството за здравство на Газа, управувано од Хамас, додека Израел изврши нови воздушни и копнени операции против палестинската милитантна група.

Министерството за здравство соопшти дека израелскиот напад се случил во Кан Јунис, во јужниот дел на Газа, а меѓу загинатите има девет деца. Израел директно не го коментираше нападот, но објави дека извршил воздушен напад во Кан Јунис во кој загинаа тројца милитанти кои се обидоа да постават бомба.

Израелската војска соопшти дека нејзините копнени сили убиле уште двајца милитанти во блиската зграда. Израел, исто така, во четвртокот објави нови напади врз цели на Хезболах во јужен Либан и нови прекугранични лансирања на ракети кои доаѓаат од Либан кон Израел.

Нападите се случија еден ден откако лидерот на Хезболах, Хасан Насрала, во телевизиски говор, го предупреди Израел да не го нападне Либан. „Ако непријателот мисли да води војна против Либан, ние ќе се бориме без воздржување, без правила, без граници и без ограничувања“, рече Насрала.

Неговите коментари уследија по нападот со беспилотно летало во кој загина висок функционер на Хамас во Бејрут.

XS
SM
MD
LG