Линкови за пристапност

Трамп бара од Врховниот суд да ја преиспита пресудата од Колорадо со која му забранува учество на гласачкото ливче


Декемвриската пресуда на судот во Колорадо беше прв пат во историјата, Судот да дисквалификува некој да се кандидира за Белата куќа поради „ангажман во бунт“.
Декемвриската пресуда на судот во Колорадо беше прв пат во историјата, Судот да дисквалификува некој да се кандидира за Белата куќа поради „ангажман во бунт“.

Поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, бара од Врховниот суд на САД да ја преиспита пресудата од Колорадо со која му се забранува учество на гласачкото ливче во државата поради неговата улога во нападот на Капитол на 6 јануари 2021 година.

Републиканскиот претседателски кандидат во средата поднесе жалба на заклучокот на Врховниот суд во Колорадо дека клаузулата за бунт во 14-тиот амандман на Уставот го прави неподобен.

Декемвриската пресуда на судот во Колорадо беше прв пат во историјата, Судот да дисквалификува некој да се кандидира за Белата куќа поради „ангажман во бунт“.

Жалбата на Трамп доаѓа еден ден откако неговиот правен тим побара од Врховниот суд во Мејн да ја разгледа пресудата на демократскиот државен секретар Шена Белоус дека Трамп не може да биде на гласачкото ливче во таа држава.

XS
SM
MD
LG