Линкови за пристапност

Блинкен патува за Блискиот исток


Ројтерс цитираше висок американски функционер дека Блинкен ќе замине во четврток за Блискиот Исток, вклучително и во Израел и Турција.
Ројтерс цитираше висок американски функционер дека Блинкен ќе замине во четврток за Блискиот Исток, вклучително и во Израел и Турција.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен оваа недела патува за Блискиот Исток додека израелската војна со Хамас се приближува до третиот месец од почетокот на борбите.

Ројтерс цитираше висок американски функционер дека Блинкен ќе замине во четврток за Блискиот Исток, вклучително и во Израел и Турција.

Блинкен се упатува кон регионот поради интензивните дипломатски напори за олеснување на испораката на хуманитарна помош во опустошениот од војната Појасот Газа и зголемениот меѓународен притисок врз Израел за намалување на цивилните жртви меѓу Палестинците.

Во меѓувреме, продолжуваат постојаните дипломатски напори за извлекување на преостанатите заложници кои ги држат милитантите на Хамас во Газа.

Се верува дека во Газа сè уште се држат 129 лица од Хамас или други милитанти. Стејт департментот рече дека е „главен приоритет“ за американската влада да ги врати сите заложници дома, но одби јавно да ги коментира преговорите.

XS
SM
MD
LG