Линкови за пристапност

Израел ја гранатираше Газа по убиството на виш лидер на Хамас


Хамас и безбедносните претставници во регионот го препишаа нападот во кој загина Салех ал-Арури на израелско беспилотно летало.
Хамас и безбедносните претставници во регионот го препишаа нападот во кој загина Салех ал-Арури на израелско беспилотно летало.

Израел изврши нови воздушни напади во средата во Појасот Газа, додека израелската армија соопшти дека е во состојба на висока готовност поради нападите на либанската милитантна група Хезболах, по нападот со беспилотно летало во кој загина висок функционер на Хамас во Бејрут.

Хамас и безбедносните претставници во регионот го препишаа нападот во кој загина Салех ал-Арури на израелско беспилотно летало.

Хезболах - како Хамас, милитантна група поддржана од Иран, означена како терористичка организација од САД - истрелува ракети преку северната граница на Израел откако изби војната меѓу Израел и Хамас во октомври.

Водачот на Хезболах, Хасан Насралах треба да одржи говор во денеска попладне.

Арури беше висок функционер во политичкото биро на Хамас и еден од основачите на неговото воено крило, бригадите Касам, кои го извршија смртоносниот напад на израелска територија на 7 октомври.

САД минатата година понудија пет милиони долари за информации за него како дел од нејзината програма - Награди за правда.

Израелската војска одби да ја коментира смртта на Арури, но таквиот напад би бил во согласност со најавената намера на Ерусалим да ги убие клучните лидери на Хамас додека војната со Хамас во Газа се приближува до тримесечната граница.

XS
SM
MD
LG