Линкови за пристапност

Поранешниот претседател Трамп ја обжали одлуката на Мејн дека не може да биде на гласачкото ливче


Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја обжали одлуката на државниот секретар во североисточната американска сојузна држава Мејн дека не може да биде на гласачкото ливче поради уставниот амандман со кој се дисквалификуваат лицата кои „се вклучиле во бунт“ од вршење на функцијата.

Жалбата на републиканскиот претседателски кандидат до Врховниот суд на Мејн уследи во вторникот, кога се очекуваше тој да поднесе жалба на слична пресуда на Врховниот суд на Колорадо до Врховниот суд на САД.

Највисокиот суд на нацијата никогаш не донел одлука за член 3 од 14-тиот амандман, кој ја специфицира подобноста за вршење јавна функција.

Врховниот суд на САД најверојатно ќе го има последниот збор за подобноста на Трамп во Колорадо, Мејн и на други места.

XS
SM
MD
LG