Линкови за пристапност

На Северна Македонија и се заканува демографски пад – до 2070-та, ќе има само 1,3 милиони жители


Ова е само дополнителен показател дека мора нешто да се преземе – велат надлежните институции.
Ова е само дополнителен показател дека мора нешто да се преземе – велат надлежните институции.

Проекциите на Државниот завод за статистика се дека до 2070 година Северна Македонија ќе забележи сериозен пад во населението. „Доколу ништо не се промени и останат параметрите од 2022 година вкупното население до 2070 ќе се намали на 1.3 милиони жители“, покажуваат наодите од истражувањето.

Ова е само дополнителен показател дека мора нешто да се преземе – велат надлежните институции.

Пад на населението на Северна Македонија
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:45 0:00

„Населението забрзано старее, а државата забрзано се празни. Ние веќе ги достигнавме демографските проекции на Обединетите Нации кои тие ги предвидуваа за нас за 2030 година“, изјави шефот на државата на денешната презентација на резултатите на анализата.

„Од трите клучни демографски двигатели - наталитетот, морталитетот и миграцијата, најзагрижувачки е третиот. Барем засега, намалувањето на населението многу повеќе се должи на високата стапка на иселување, отколку на ниската стапка на наталитет. Светскиот извештај за миграција за 2020 година ја вбројува Северна Македонија меѓу 20-те држави со највисока стапка на иселување. Според предвидувањата на експертите се очекува оваа тенденција да продолжи. Со намалувањето на бројот на работоспособно население ќе се зголемува товарот врз здравствениот, социјалниот и пензискиот систем. Во болниците сѐ помалку здравствени работници ќе треба да се грижат за сѐ повеќе пациенти. Ќе се намалува бројот на деца во градинките, на ученици и студенти во училиштата и на факултетите. Понудата на пазарот на трудот ќе се намалува, а економијата ќе стагнира. Освен, ако не успееме навреме да ги сопреме овие трендови.“, изјави Стево Пендаровски, претседател на Северна Македонија.

„Во 2002 година вкупниот број на млади на возраст од 15 до 29 години изнесувал 480.828 или 24% од вкупното население. Според податоците од 2021 година, бројката за оваа категорија изнесува 326.733 или 18% од вкупниот број на населението. Во период од 20 години, бројот на млади на возраст од 15 до 29 години е намален за над 150.000 граѓани, или слободно може да кажеме дека оваа возрасна категорија се намалила за околу една третина. Повеќе од 100.000 граѓани, кои во 2002 година биле на возраст од 15 до 29 години, а денес би имале 29 до 35 години, не се во државата, односно не се евидентирани на последниот попис во 2021 година. Овој тренд се повторува и кај децата на возраст од 0 до 9 години, кои денес би имале 20 до 29 години, па така 16% од оваа група недостасува на последниот попис. Податоците од пописот покажаа јасен тренд на заминување на младите во овие 20 години.“, оцени Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

XS
SM
MD
LG