Линкови за пристапност

Данска ја прошири истрагата за тероризам што се совпаѓа со апсењата на наводните членови на Хамас во Германија


Иако Данска не соопшти дека има врска со Хамас, властите во Германија соопштија дека три лица уапсени таму се осомничени дека подготвувале напади врз еврејските институции во Европа.
Иако Данска не соопшти дека има врска со Хамас, властите во Германија соопштија дека три лица уапсени таму се осомничени дека подготвувале напади врз еврејските институции во Европа.

Данска држи две лица во притвор, а уште четворица се цел на истрага за тероризам, изјави јавниот обвинител во петокот, во случај што се совпадна со едно апсење во Холандија и неколку во Германија на наводни членови на Хамас.

Иако Данска не соопшти дека има врска со Хамас, властите во Германија соопштија дека три лица уапсени таму се осомничени дека подготвувале напади врз еврејските институции во Европа.

Данските власти соопштија дека едно лице е уапсено во Холандија, но не е јасно дали има врска со истрагата на Хамас во Германија.

На двајцата осомничени кои се држат во Данска им беше наредено да останат во притвор до 9 јануари. Каде се наоѓаат другите четворица, и дали по нив е во тек потрагата, не беа веднаш познати.

Во четвртокот, данската разузнавачка агенција ПЕТ, објави апсење на три лица под сомнение дека планирале да извршат „акт на терор“. Еден од нив беше ослободен, изјави обвинителот Андерс Ларсон рано во петокот по целоноќното сослушување за притвор во судот во Копенхаген. Но, тој не кажа дали лицето сè уште се смета за осомничено.

Ларсон, исто така, рече дека уште четири лица се задржани во „притвор во отсуство“, но тој не кажа дали властите знаат каде се наоѓаат или дали е во тек активна потера.

Сепак, без да наведе повеќе детали, рече дека „се уште има некој на слобода“.

Ниту еден од осомничените не може да биде идентификуван поради судска наредба, а рочиштето за притвор се одржа зад „двојно затворени врати“ - што значи дека немаше достапни детали за случајот, кој е покриен со тајност.

XS
SM
MD
LG