Линкови за пристапност

Бајден ќе има излагање за заштита на клучните инфраструктурни сектори од кибернетски напади

Советот, составен од лидери од државните и локалните власти и приватната индустрија, го советува претседателот како да ги заштити критичните инфраструктурни сектори на нацијата од физички и сајбер напади.

Американскиот претседател Џо Бајден ќе има излагање во среда во Белата куќа пред Националниот советодавен совет за инфраструктура.

Советот, составен од лидери од државните и локалните власти и приватната индустрија, го советува претседателот како да ги заштити критичните инфраструктурни сектори на нацијата од физички и сајбер напади.

Претседателот Бајден во вторникот во Белата куќа го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски. Двајцата лидери упатија заеднички апел до конгресните пратеници да одобрат 61 милијарда долари нова американска помош за да и помогне на Украина да продолжи да се бори против руската инвазија, која трае речиси две години.

„Денес, загрозена е слободата на Украина. Но, ако не го запреме Путин, тоа ќе ја загрози слободата на сите речиси насекаде. Путин ќе продолжи да оди и ќе биде агресор насекаде, ќе биде охрабрен да се обиде да преземе што можат со сила“, изјави претседателот Бајден.

„Додека се приближуваме кон Божиќ во име на сите наши украински семејства разделени со војна, најголемата желба на Украина е да ја доведе оваа војна до победнички крај и никој, освен Путин, не сака продолжена војна. Ние сонуваме за Божиќ во мирно време, се разбира, и работиме на тоа да го претвориме нашиот успех на бојното поле, заедно со вас“, оцени Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Зеленски претходно во вторникот се состана со законодавците на Капитол Хил во обид да ги убеди да усвојат пакет од 110 милијарди долари за воено финансирање и за Украина и за Израел.

XS
SM
MD
LG