Линкови за пристапност

Блинкен во НАТО: Поддршката за Украина ќе продолжи


За време на посетата во Брисел, Блинкен ја истакна посветеноста на Алијансата кон Украина во борбата против руската агресија.
За време на посетата во Брисел, Блинкен ја истакна посветеноста на Алијансата кон Украина во борбата против руската агресија.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во среда е во Белгија на последниот ден од состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО.

Блинкен во вторникот се состана со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој рече дека е уверен дека Соединетите Држави ќе продолжат да даваат поддршка за Украина во услови на поделби меѓу американските законодавци за одобрување повеќе финансирање за воените напори во Украина.

За време на посетата во Брисел, Блинкен ја истакна посветеноста на Алијансата кон Украина во борбата против руската агресија.

„Ние силно ќе ја потврдиме нашата поддршка за Украина додека таа продолжува да се соочува со руската агресивна војна. Ќе го гледаме самитот следната година во Вашингтон за да ја прославиме 75-годишнината од НАТО - но не само да ја славиме таа годишнина, да продолжиме да ја носиме Алијансата напред, вклучително и со обврските што нејзините членки ги преземаат за нашата колективна одбрана“, изјави Блинкен.

Изјавата на Блинкен доаѓа кога судбината на пакетот за воена помош од 60 милијарди американски долари предложен од администрацијата на Бајден е во неизвесност поради противењето на некои републиканци во Конгресот.

Претставници на администрацијата во Вашингтон изразија уверување дека ќе го усвојат пакетот, велејќи дека мнозинството републиканци и демократи во Конгресот сè уште ја поддржуваат поддршката за Киев.

XS
SM
MD
LG