Линкови за пристапност

Печалбата во Израел стана небезбедна за скопјанецот Љупчо Тасевски


Љупчо Тасевски ги спакувал куферите во Тел Авив за да се врати во Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:04 0:00

Љупчо Тасевски ги спакувал куферите во Тел Авив за да се врати Скопје

Каде се планираат напади објавуваат израелските сили секојдневно, вели за Гласот на Америка на македонски Љупчо Тасевски кој од Тел Авив се врати назад во Скопје. Тој се чуди на големиот број на загинати во Газа бидејќи вели „цел свет знае дека Хамас има огромен број на подземи тунели“.

По четири години престој во Израел, живеејќи и работејќи на плажите во Тел Авив, помеѓу Арапи и Израелци, скопјанецот, Љупчо Тасевски се реши да се врати дома. Вели тоа го направил затоа што е фамилијарен човек, но и поради актуелната безбедносна состојба во државата. Вели дека е воодушевен многу од сплотеноста на Израелците во целата оваа ситуација.

„Морам да истакнам дека сум многу фасциниран од Израелците, како се носат во целата оваа ситуација, како се мотивирани, како се сплотени. Сепак се чувствува воената психоза. Таа јас најдобро ја знам, бидејќи три и пол години работев на плажа во центарот во Тел Авив и драстично се намали бројот на луѓето кои одат на плажа. Но она што го гледав по улиците, одејќи до мојот стан, видов огромна сплотеност, постојано се собираат“, вели Тасевски за Гласот на Америка.

Вели дека Израел е решен да оди до крај во оваа војна.

Се надевам на заеднички мир
Љупчо Тасевски, Македонец вратен од Израел

„На секој можен ќош се поставени постери со киднапираните. Има постојано на некои места мини приредби, концерти, каде што пејат песни. И јас мислам дека се решени после ова што се случи после 75 години постојани тензии решени се да одат до крај и да го решат овој конфликт со Палестинците. Се надевам дека ќе биде во некој заеднички мир да продолжи сето ова“.

Со внимание ги следи случувањата во Газа и како во Израел се објавуваат информации за војната.

„Израелските воeни сили секој ден на телевизија кажуваат кој дел од Газа планираат да го бомбардираат. Малку ми е чудно и несфатливо како може толку луѓе да загинат, а знаат дека ќе бидат бомбардирани. Исто така цел свет знае дека Хамас има огромен број на подземни тунели, кои се по 20 метри во длабина. Значи не сакам да кажам дека ова е тактика на Хамас, да има повеќе жртви, да има поголем одек во светот, но толку многу жртви, а веќе знаат дека ќе бидат граѓани со ракети тоа е малку чудно. Тие никогаш не ја гаѓаат целата територија на Газа, гаѓаат само дел од територијата, па тие луѓе имаат доволно луѓе за да се спасат“, вели Тасевски.

Инаку од Појасот Газа успешно беа евакуирани и последните двајца македонски државјани. Станува збор за брачен пар, кој од Газа најпрво беше пренесен на египетска територија, а потоа во земјава. Тасевски пак вели дека познава уште најмалку десеттина македонски граѓани, кои се уште се наоѓаат во Израел.

XS
SM
MD
LG