Една година до следните претседателски избори во САД, демократите и поборниицте за правата на абортусот извојуваа серија победи на изборите во неколку американски сојузни држави во вторникот.
Гласачите во државата Охајо го одобрија уставниот амандман со кој се гарантира пристап до абортус и други форми на репродуктивна здравствена заштита.
Мерката доаѓа по одлуката на Врховниот суд на САД минатата година да ја поништи одлуката Роу против Вејд од 1972 година, која ги заштити правата на абортусот.
Охајо беше една од неколкуте држави каде што стапи на сила забраната за абортус како резултат на одлуката на Судот.
Пред Охајо, гласачите во неколку други држави, вклучително Калифорнија, Канзас, Кентаки, Мичиген, Монтана и Вермонт, усвоија иницијативи за заштита на пристапот до абортусот по одлуката на Врховниот суд минатата година.
Во Кентаки, демократскиот гувернер Енди Бешеар победи на реизборот во вторникот, по кампањата која вклучуваше залагање за исклучоци од речиси целосната забрана за абортус во државата.
Гласачите во Вирџинија ја негираа надежта на републиканскиот гувернер Глен Јангкин да го стави законодавниот дом на државата под контрола на неговата партија.
Демократите имаа тенко мнозинство во државниот Сенат додека го вратија мнозинството во Домот на делегатите.
Јангкин предложи да се воведе 15-неделна забрана за абортус во Вирџинија, освен во случаи на силување, инцест или ако животот на мајката е загрозен.
Демократското мнозинство во законодавниот дом ќе го блокира тој обид.
Републиканците постигнаа победа во вторникот во државата Мисисипи, каде што гувернерот Тејт Ривс го победи демократот Брендон Присли за да заработи втор мандат.
Ќе има и специјални избори за завршување на последните години од мандатот во Сенатот за две места, едното остана празно со смртта на демократката Дајан Фајнштајн, а другото со оставката на републиканецот Бен Сасе за да стане универзитетски претседател.
Демократите во моментов имаат тесно мнозинство во Сенатот, додека републиканците имаат мнозинство во Претставничкиот дом.
Единаесет држави ќе одржат избори за гувернер во 2024 година, додека гласачите во повеќето од 50-те држави ќе гласаат во законодавната трка.
Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес, агенцијата Франс прес и Ројтерс.