Линкови за пристапност

Камала Харис на првиот Самит за одговорите кон трендот со вештачка интелигенција


Britain AI Summit
Britain AI Summit

Самитот се отвора во среда во Британија, со политички и технолошки лидери кои ќе разговараат за можните одговори на технологијата што го менува начинот на живот.

Британскиот премиер Риши Сунак, американската потпретседателка Камала Харис, шефицата на ЕУ Урсула фон дер Лајен и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ќе присуствуваат на дводневната конференција, која ќе се фокусира на растечките стравови за импликациите на таканаречената растечка вештачка интелигенција.

Објавувањето на најновите модели понуди увид во потенцијалот на вештачката интелигенција, но исто така предизвика загриженост за прашања кои се движат од губење на работни места до сајбер-напади и контролата што луѓето всушност ја имаат врз системите.

Сунак, чија влада го иницираше собирот, во говорот минатата недела рече дека неговата „крајна цел“ е „да работи на помеѓународен пристап кон безбедноста каде што соработуваме со партнерите за да се осигураме дека системите за вештачка интелигенција се безбедни пред да бидат ослободени“.

„Ќе притискаме силно за да се договориме за природата на овие ризици“, додаде тој, правејќи споредби со пристапот преземен кон климатските промени.

Елон Маск треба да се појави, но се уште не е јасно дали тој физички ќе биде на Самитот во Блечли Парк.

XS
SM
MD
LG